fbpx

Полициски билтен:четворица потешко повредени во сообраќајка кај Радовиш, пронајдена марихуана,нарушен јавен ред и мир

 Полициски билтен:четворица потешко повредени во сообраќајка кај Радовиш, пронајдена марихуана,нарушен јавен ред и мир

На 08.03.2024 во 13.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на локалниот пат од с.Тополница кон Радовиш, кај место викано „Баглар Баши“ патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(27) од с.Тополница-радовишко, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.И.(45) од с.Тополница, а со телесни повреди се здобиле Б.И. и сопатниците Р.И.(46) и Д.И.(24), констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

На 08.03.2024 година во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.М.(29) од Струмица. При преглед кај лицето била пронајдена марихуана. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.03.2024 година во 19.00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш. Истиот дошол во просториите на полициската станица Радовиш во видно алкохолизирана состојба ,за да пријави нарушен јавен ред и мир во кој учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници кои извршувале службени задачи. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, каде одбил да биде алкотестиран. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.03.2024 година во 19.00 часот во Полициската станица Радовиш А.Ф.(36) од Радовиш пријавил дека во угостителски објет во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со вербална расправија помеѓу него и лицето Ј.М. од село Раклиш, радовишко, по што пријавителот бил физички нападнат од Ј.М.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link