Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
По повод 8.Март превентивна кампања на полицијата „Вози одговорно“
Во чест на одбележување на празникот на жената 8-ми Март, Секторот за внатрешни работи Струмица, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност ја спроведоа кампањата „Вози одговорно“.
-На повеќе локации на подрачјето на Струмица полициски службеници од СВР Струмица и советници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на жени затекнати како управуваат моторни возила им делеа летоци со едукативна содржина и ги потсетуваа дека треба да бидат горди што возат безбедно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да бидат пример за издигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво, изјави портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Додаде дека вакви активности денес ќе преземат и останатите полициски службеници, кои покрај редовното преземање мерки и активности на терен, ќе постапуваат и превентивно, се со цел одбележување на денот на жената 8-ми Март, а на останатите учесници во сообраќајот ќе им биде укажано да ги почитуваат жените како рамноправни учесници во сообраќајот.