Костадинов:Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад
Обучени 15 лица за услугата помош, нега на стари и лица со попречененост
Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа завршниот испит од првиот циклус на обуки финансирани од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст.
Вкупно се обучени 15 лица на територијата на општина Струмица кои ќе можат да ја даваат услугата помош и нега во домот на стари лица и лица со попреченост и истите се стекнаа со сертификат.
Во тек е пријавувањето за вториот циклус обуки со кои ќе бидат опфатени кандидати од општините Радовиш, Валандово и Гевгелија.