Од полноќ поевтинуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика денес ги утврди највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.
Од полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 58.00, односно 60.00 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар и еден литар дизел гориво ќе се продава за 49.50 денари.