fbpx

Од утре „Комуналец“ обезбедува вода за пиење од канистри и апарати во градот и населените места

 Од утре „Комуналец“ обезбедува вода за пиење од канистри и апарати во градот и населените места

Со цел граѓаните на Општина Струмица да се обезбедат со питка вода ЈПКД „Комуналец“ од утре, среда 2 Октомври обезбедува 25 апарати за вода и питка вода кои ке бидат поставени низ сите градинки и училишта.

Исто така се обезбедуваат и 25 канистри со питка вода кои по 24 часа во текот на денот ќе бидат распоредени низ улиците на градот и тоа на следниве локации:Кај Градската болница,Кај резервоарот на Св Петнаесет,Амфитеатарот во Градски парк,Улица 24 Октомври ( Поранешна дирекција на Комуналец),Булевар Климент Охридски (Диирекција на Комуналец).

По два часа во текот на денот ќе има поставени канистри со питка вода на следниве локации:

Мостот на улица Бетовенова со улица Бошко Буха од 08 до 10 ч,Улица Славчо Стојменски кај Техничкото училиште Никола Карев од 10 до 12 ч, Улица Епимемонда Поп Андонов позади Техничкото училиште Никола Карев од 12 до 14 ч, Раскрсница на улица Кирил и Методи со улица Неретва од 08 до 10 ч,Улица Ристо Ќурчиев од 14 до 16 ч, Улица 5 Ноември кај јаворот од 10 до 12 ч, Стара џамија од 12 до 14 ч, Бурчо кај кружен тек 14 до 16 ч, Пред седиште на IV Месна заедница од 08 до 10 ч, Пред седиште на V Месна заедница кај Инкубатор од 10 до 12ч, Игралиште кај Шпики од 12 до 14 ч, Раскрсница на улица Мајка Тереза со улица Атанас Јанев од 12 до 14 ч, Улица Цветан Димов кај игралиште од 14 до 16 ч, Музичко училчиште Боро Џони од 08 до 10 ч, Улица Крушевска Република кај мостот на поранешна Кожара од 10 до 12 ч, Биро за вработување од 14 до 16 ч, Основно училиште Никола Вапцаров од 12 до 14 ч, Улица 29 Ноември кај мало паркче од 14 до 16 ч, Во населеното Место Дабиле на сред село од 07 до 19 ч, Во населеното место Градско Балдовци пред магазин од 07 до 19 ч, Во населеното место Водоча пред летниковецот, Во населено место Просениково сред село од 07 до 19 ч, Во населено место Баница сред село од 07 до 19 ч, Во населено место Добрејци кај училиштето од 07 до 19 ч.

На сите овие места водата е за пиење и квалитетот на водата во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабораторија Центар за јавно здравје – Струмица.

Share via
Copy link