„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
Секторот за внатрешни работи Струмица, преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај, денес 15-ти ноември, го одбележа Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
Со превентивна активност во централното градско подрачје во Струмица, на која полициски службеници на учесниците во сообраќајот им делеа флаери и фрешерисо апел: Покажи грижа! Разбуди ја свеста! Вози совесно и одговорно!, ги потсетија учесниците во сообраќајот дека сообраќајните незгоди не се случајни, туку се предизвикани од невнимателно и неодговорно учество во сообраќајот, со укажување да се почитуваат сообраќајните знаци правила и прописи со цел намалување на последиците во сообраќајот.