Одбележана 14 годишнината од големиот пожар над Струмица во која загинаа четири лица

 Одбележана 14 годишнината од големиот пожар над Струмица во која загинаа четири лица

Денеска се навршуваат 14 години од еден од најцрните денови за Струмица – големиот шумски пожар на 23 јули 2012 година кај месноста „Двата пата“, каде што животот го загубија четворица храбри сограѓани.

Огнената стихија, предизвикана од човечки фактор, имаше дотогаш невидени размери. Во таа битка со огнот, покрај пожарникарите, учествуваа и многу граѓани кои несебично, со ризик по сопствените животи, се бореа за да го заштитат градот.

Пред насобраните се обрати градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

-Времето создава дистанца од настаните, но не и од нивното значење. Времето не може да избрише спомен за искрено херојство и жртва. Затоа, денес оддаваме  почит на луѓето чии животи останаа трајно поврзани со историјата на нашата Струмица.Пожарите оставаат последици врз природата, семејствата, во заедницата и во  сеќавањата. Затоа, секоја година кога се собираме на ова место потсетуваме дека со секоја несреќа секогаш сведочат човечки судбини, рече градоначалникот Јанков.

Пред споменикот на загинатите свежо цвеќе положија градоначалникот и членови на Советот, припадници на, ЈП „Национални шуми“, членови на семејствата на загинатите и политички партии.

Фото: Југоинфо

Share via
Copy link