ОО СДСМ Струмица:Вчерашната реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ не одговара на реалната ситуација во градинките

 ОО СДСМ Струмица:Вчерашната реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ не одговара на реалната ситуација во градинките

Интегрален текст од соопштение на ОО СДСМ

Почитувана јавност.

ВМРО-ДПМНЕ време е да излезе од едногодишниот сон и да се појави пред народот со конкретни дела!

Вчерашната нивна реакција, на реалната ситуација во градинките воопшто не одговора, а еве и зошто.

Додека нивната претходна влада градеше стиропорни фасади, владата предводена од СДСМ ја изгради најсовремената и најубавата детска градинка во Македонија и ги прошири и унапреди сите капацитети на постоечките градинки во општина Струмица.

Зошто? Затоа што иднината на земјата е во децата, не во антички фасади или уште полошо што сегашната влада баш овие деца ги задолжува со 7 милијарди евра кредит.

ОК ВМРО ДПМНЕ СТРУМИЦА, вчера со срамна реакција го потврди тоа што го обелоденивме, но уште позастрашувачки е тоа што констатираа дека негувателки и учителки не се потребни за децата, најверојатно мислејќи на умислениот ХАОС кој сакат да го сторат, а тоа е децата да останат дома, наместо во градинка!

Додека со сите сили нашите градинки се борат да го сместат секое едно дете, тие безобразно зборуваат за пренатрупаност, очигледно незнаејќи кои се бројките по систематизација и вкупниот капацитет на истите тие градинки.

Вие господа од ВМРО ДПМНЕ ниту знаете како функционира Општината, а уште помалку институциите, додека внатрепартиски се борите исклучиво за функции, заборавате дека и вашите деца се дел од тие градинки!

Вие господа од ВМРО ДПМНЕ, единствена неостварена желба ви е само власт во Струмица, по секоја цена, па така ги делите деца по региони , на наши и ваши.

Е, тоа така не оди.

СДСМ е локална власт 20 години, затоа што никој, ама апсолутно никој не ја почуствувал таа делба, а најмалку децата!Струмица е одамна еднаква за сите, единствен некој кој ја дели, сте вие!

Ве советуваме да се фатите за работа, имате апсолутна власт во државата, сработете нешто, еве за почеток сработете децата во Струмица да добијат ист број на персонал во градинките како децата во Тетово и другите градови во Македонија!

Фото илустрација: ОО СДСМ Струмица

Share via
Copy link