Опожарен автомобил во Гевгелија
МВР соопшти дека на синоќа околу 02.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.,Апостол Петков“ во Гевгелија било опожарено патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б.(36) од Гевгелија.
Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија и се работи на расчистување на случајот.
Фото: илустрација архива