fbpx

Општина Богданци објави оглас за реконструкција на улици

 Општина Богданци објави оглас за реконструкција на улици

Општина Богданци објави оглас за доделување договор за јавна набавка за реконструкција на улици на територијата на Општина Богданци.

Набавката се состои од два дела. Дел 1: Чистење, тампонирање и поставување на бехатон со набавка, транспорт и поставување на улични бетонски рабници на улици и делови од улици во населено место Богданци и дел 2: Чистење, тампонирање, асфалтирање и поставување на улични бетонски рабници на две улици во Богданци и една во населено место Ѓавото.

Во првиот дел станува збор за улиците: 10-ти Октомври, Изворски, Крушевска, Олга Петрушева, Иво Лола Рибар, Петар Мусев (сокак 1 и сокак 2), Ѓуров Дол, Медурска, Крсте Мисирков, Браќа Миладинови, Нако Вардарски, Воденска, Илинденска, Страшо Пинџур, Белацица, Крушевска – 29ти Ноември, Васо Марков и 25-ти Мај. Вториот дел се однесува на улиците 11-ти Октомври (крак 1), Козјак и главната улица во село Ѓавото.

Сите заинтересирани правни лица понудите може да ги достават најдоцна до 01.04.2021 година, 11 часот.

Средствата за реализација на договорот се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци согласно Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2021 година.

Share via
Copy link