fbpx

Општина Струмица доделува 15 стипендии за запишување на студенти на додипломски студии од прв циклус на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во академската 2022/2023 година

 Општина Струмица доделува 15 стипендии за запишување на студенти на додипломски студии од прв циклус на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во академската 2022/2023 година

Општина Струмица во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје за студиската 2022/2023 ќе додели 15 стипендии за запишување на редовни студенти на додипломски студии од прв циклус.

Услови за доделување на стипендијата се:

  • Положена државна матура или меѓународна матура, односно завршено четиригодишни средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура
  • Да не се корисници на стипендија или кредит од други извори (институции, фирми или установи)
  • Да се државјани на Република Северна Македонија
  • Да се жители на општина Струмица
  • Да поседуваат вештини и знаење со мотивација за стекнување на академски знаења на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје

Право на пријавување имаат и кандидати кои:

  • Завршиле средно образование во средните општински училишта во општина Струмица
  • Се жители на општина Струмица, а кои завршиле средно образование во странство

Предност за доделување на стипендија ќе имаат кандидати жители на општина Струмица, кандидати од социјални категории, деца без еден или двајца родители, деца од ранливи категории.

Јавниот повик за доделување стипендии трае 10 дена од денот на објавување (13.09.2022)

Сите дополнителни информации може да ги најдете на следниот линк.

Share via
Copy link