„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Струмица гради Еко парк во втора урбана заедница
Општина Струмица гради Еко парк во втора урбана заедница, во близина на ООУ „Никола Вапцаров“ на површина 2.500 метри квадратни.
При денешниот увид во градежните работи, градоначалникот Јаневски рече дека од нив околу 2.100 метри квадратни ќе биде зелена површина на којашто ќе бидат засадени листопадни и зимзелени растенија, а останатиот дел патеки. Во него ќе има и комплетна урбана опрема.
Паркот е дел од Програмата за животна средина за зголемување на јавните зелени површини во градот, кои секогаш биле приоритет за Општина Струмица.