fbpx

Општина Струмица објави јавен повик за ангажирање на 16 лични асистенти на ученици со попреченост

 Општина Струмица објави јавен повик за ангажирање на 16 лични асистенти на ученици со попреченост

                                                    ОПШТИНА СТРУМИЦА

Врз основа на Програмата V2 – Програма за социјална заштита и заштита на децата на Општина Струмица за 2022 година („Службен гласник на Општина Струмица“ бр.27/21), се објавува:

Ј А В Е Н  П О В И К

завремен ангажман на 16 (шеснаесет) евидентирани невработени лица за вклучување во Проект „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“, за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со попреченост кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта во Општина Струмица за учебната 2021/2022 година.

16 (шеснаесет) евидентирани невработени лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 5 (пет) месеци, почнувајќи од 20 јануари 2022 година до крајот на учебната 2021/2022 година, односно заклучно со 10 јуни 2022 година.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

– млади лица до 29 години

– лица постари од 50 години

– самохрани родители

– родители на деца со пречки во развојот

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

Лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, а кои се евидентирани во базата на податоци на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Предност ќе имаат кандидатите кои имаат претходно искуство во работа како лични асистенти во претходните циклуси на проектот.

Заинтересираните невработени лица, Пријавата за учество во Проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес““ можат да ги поднесат во Архивата на Општина Струмица.

Потребни документи кои треба да бидат доставени се:

  • Пријава за учество во проект „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“;
  • Потврда од Агенцијата за вработување дека кандидатот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;
  • Доказ за завршено завршено образование (копија).

Јавниот повик ке трае 16 дена од денот на објавување на истиот.

За да бидат прифатени барањата мора целокупната документација да се достави исклучиво по препорачана пошта или лично, во запечатен плик на кој е назначено дека е за јавниот повик, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот, во рок од 16 (дванаесет) дена, од денот на објавување на Јавниот повик.

На предната страна на пликото во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Општина Струмица, Ул.„Сандо Масев“ бр. 1 и под истата назнаката „ За Јавен повик за времен ангажман на евидентирани невработени лица за вклучување во Проект „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“ .

Доставените пријави ќе бидат разгледани од страна на именувана со Решение од Градоначалник, Комисија за следење на проектот составена од претставници од општината. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Oпштина Струмица и избраните кандидати.

Напомена!

Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Барањата кои ќе пристигнат по зададениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е со официјалниот краен рок.

Лице за контакт:

Нела Масалковска

Советник во Одделение за ЛЕР

e-mail: nela.masalkovska@strumica.gov.mk

Share via
Copy link