fbpx

Општина Струмица објави јавен повик за финансиска поддршка за основно образование на деца со надмината вредност

 Општина Струмица објави јавен повик за финансиска поддршка за основно образование на деца со надмината вредност

Градоначалникот Костадин Костадинов објави ЈАВЕН ПОВИК за добивање финансиска поддршка во износ од 9.000 денари за 20 деца со надмината возраст, запишани во општинско основно училиште на територијата на општина Струмица во наставната 2023/24 година.

Финансиска поддршка во износ од 9.000 денари може да добие родител на дете родено 2014 и 2015 година, кое ја надминало возрасната граница за запишување во прво одделение и до денот на запишувањето воопшто не посетувало основно училиште најмалку две години по возраста со која требало да биде запишан, но не надминува повеќе од 10 години возраст за запишување во прво одделение.

Ваква помош може да добие и родител на ученик кој посетувал основно училиште, но го напуштил предвреме и ја надминал возрасната граница за следење редовна настава од четврто до шесто одделение, но да нема повеќе од 15 години возраст на денот на повторното запишување во основно училиште.

Предност за добивање на финансиска поддршка ќе имаат кандидатите кои се корисници на социјална помош/образовен додаток и семејства со поголем број на членови.

Повеќе информации на општинската веб страница каде што е објавен Јавниот повик

Share via
Copy link