fbpx

Општина Струмица објави јавен повик за вклучување на невработени лица во Програмата Општинско-корисна работа

 Општина Струмица објави јавен повик за вклучување на невработени лица во Програмата Општинско-корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмлата Општинско-корисна работа, проект “Струмица грижлив град ” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Струмица.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци вокој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинскокорисна работа” ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирањеќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата . За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: -Долгорочни невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години) -Млади лица до 29 години -Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот Созмја 19 -Лица постари од 50 години -Лица корисници на гарантирана минимална помош -Лица корисници на паричен надоместокпо основ на невработеност -Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа – Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници – Лица припадници на ромската етничка заедница – Самохрани родители – Родители на деца со пречки во развојот – Родители на Зи повеќе деца -Жртви на семејно насилство -Лица со незавршено средно или пониско образование.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирањена: – 1(еден) Образовен асистент на ученик со попреченост вклучен во редовен образовен процес во средно образование – 3 (три) Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес во средно образование – 10 (десет) Негуватели на деца во ЈОУДГ „Детска радост” — Струмица.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинскокорисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Струмица во периодот од 05.08.2021година до 11.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Струмица и избраните кандидати. Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Струмица кај лицето Нела Масалковска, Општински координатор за Програмата. „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Струмицакај лицето Ефче Димова, Центар за социјлна работа Струмица кај лицето Елисавета Јајналиева.

Share via
Copy link