Осумгодишно дете од Конче потешко повредено откако во него удрил автомобил

 Осумгодишно дете од Конче потешко повредено откако во него удрил автомобил

МВР соопшти дека на 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат Радовиш- Конче, на влез во село Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од село Конче, општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Share via
Copy link