fbpx

Пандев ја напушти Џенова и се пресели во Парма

 Пандев ја напушти Џенова и се пресели во Парма

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев заминува од Џенова и во наредните шест месеци ќе го носи дресот на Парма.

Пандев во Парма доаѓа на шестмесечна позајмица од Џенова, тој веќе го потпишал договор, и пред да биде и официјално да му стане соиграч на легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, зелено светло треба да даде фудбалската федерација на Италија.

Џенова се наоѓа на претпоследното место на табелата во Серија А, додека Парма игра во Серија Б и засега се наоѓа на 12 место на табелата со 24 бода, дури осум помалку од позицијата која води во плеј-офот.

Share via
Copy link