Петар Јанков кандидат за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ

 Петар Јанков кандидат за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучи Петар Јанков да биде кандидат за градоначалник на Општина Струмица на претстојните локални избори.

Роден е 1976 година во Струмица, а завршил Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на отсекот Царина и шпедиција, каде ги завршил додипломските студии и стекнал звање дипломиран менаџер по царина и шпедиција.

Од 2007 до 2018 година Јанков бил вранотен во Царинската управа на Република Македонија, каде работел како виш цариник а од 2018 година продолжува во приватниот сектор.

Share via
Copy link