Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе ја промовира кандидатурата за градоначалник на Струмица

 Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе ја промовира кандидатурата за градоначалник на Струмица

Кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, во петок (26.09) ќе ја одржи официјалната промоција на својата кандидатура и на советничката листа за претстојните локални избори.​

Настанот ќе се одржи во Спортската сала „Парк“ во Струмица, со почеток во 20:00 часот.​Во својот повик до граѓаните, Јанков истакнува дека е време за нова визија и за обединета Струмица.​

„Да докажеме дека Струмица му припаѓа на народот, а не на политичарите. Ве повикувам сите да дојдете и да бидете дел од почетокот на едно големо движење кое ќе донесе промени, надеж и победа за секој струмичанец“, порача Јанков во својата покана до струмичката јавност.​

На промоцијата се очекува да бидат претставени клучните точки од неговата изборна програма и кандидатите за членови на Советот на Општина Струмица.

Share via
Copy link