„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
По десет часови приведен осомничен кој прободел соселанец во Вељуса, се затворил во куќата
Откако денеска околу 08:15 часот во Полициската станица во Струмица било пријавено дека во село Вељуса Н.К. бил нападнат со остар предмет од страна на Д.Г. од истото село, по десетчасовно убедување и преземање мерки попладнево околу 18:00 часот е приведен осомничениот Д.Г..
Имено, тој се затворил во својата куќа и дури откако полицијата употребила димни бомби тој е уапсен и е спроведен во Полициската станица во Струмица.
Настанот и приведувањето на осомничениот го потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која за утре најави повеќе детали за овој немил настан.
.