fbpx

Почна четиридневна обука за вработените и едукаторите на Црвен крст во Програмата помош и нега во домот

 Почна четиридневна обука за вработените и едукаторите на Црвен крст во Програмата помош и нега во домот

Денес во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица почна четиридневната обука за вработените и едукаторите во Програмата помош и нега во домот, со цел поквалитетен пристап кон лицата кои ќе се обучуваат, соопштија од струмичкиот Црвен крст.

Обуката е дизајнирана да ги запознае обучувачите со начините на работа со возрасни. Секој тематски дел е комбиниран со вежби и техники кои понатаму ќе можат да се моделираат и прилагодувате во однос на потребите.

Обуката ја реализира Јован Сталевски, обучувач со домашно и интернационално искуство. Јован е интернационално сертифициран, сениор-обучувач, од страна на CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија. Поседува над 10 години искуство во обуки за претприемништво, кариерен развој, проектен менаџмент и обуки за обучувачи по светски признатата ЦЕФЕ Методологија.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе добијат соодветен пакет со материјали кои се потребни за нивниот професионален развој:Прирачник за обука на обучувачи на 80 страници;-Примери за: креирање на ППТ презентации, дизајн на курикулум, дизајн на агенди, буџети за обука, евалуација на обука, информативни листи за учесници и др;-Сет со вежби за енергизирање и креативно поттикнување на учесниците;-Истите може да ги прилагодуваат и применуваат потоа во тековното работење;-Сертификат за успешно завршена обука за обучувач.

Обуката е финансиски поддржана од Црвениот крст на Австрија.

Share via
Copy link