-Хуманоста е доблест, подадена рака, несебичност, пожртвуваност и пример за човечност, во вистинската смисла на зборот, а без сомнение, најголем синоним за хуманоста е Црвениот крст и Црвената полумесечина. На оние со кои се гордееме – на вработените и волонтерите во Општинската организација на Црвен крст – Струмица, им посакувам понатамошен успех во нивната благородна […]
Tags : Црвен Крст
Во организација на Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска се одржа симулативна вежба за спасување од земјотрес во ООУ „Сандо Масев“ Струмица. Вежбата се состоеше од симулација на земјотрес, пожари и извлекување на ученици и повредени. -Вежбовните активности се одвиваат секоја година и оваа ја завршуваме со оваа вежба. Со овие вежби сакаме да […]
Танкица Стојанова ја доби престижната Благодарница на Црвен крст на Република Северна Македонија за особен придонес во волонтерството за оваа година. Признанието и беше врачено на денешната свеченост во Скопје по повод 5 декември-Светскиот ден на волонтерството, на која присуствуваше и сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.
Волонтерите од Тимот за укажување прва помош при Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска пред Бибиотеката „Благој Мучето“ оганизираа показна вежба на која ги презентираа своите знаења и вештини за давање прва помош во случај на повреди. Волонтерите и денеска несебично се трудеа да ги покажат своето знаење и вештини и уште еднаш потврдија […]
Во Радовиш беше извршено селектирање на пријавените кандидати по објавениот оглас за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Се пријавија 15 лица, од кои селектирањето го поминаа тројца. Селекцијата на кандидатите се спроведува врз основа на објавениот оглас за верификацијата на посебната програма за негувател/ка за помош и нега […]
В среда на 23 јуни, ОО Црвен крст Струмица, во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина, организира граѓанска крводарителска акцијa. Акцијата ќе се одржи во Службата на Трансфузиона медицина, од 09:00 часот до 14:00 часот. Крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно. […]
По повод 8. Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Општинската организација на Црвен крст Струмица организира показна вежба за спасување од возила при сообраќајна несреќа и давање на прва помош на повредени, која ќе се одржи на ден 08.05.2021 година (сабота) со почеток во 12:00 часот пред зградата на трговскиот центар „Глобал“ […]
Организацијата на Црвен крст Струмица традиционално ја одбележува Неделата на солидарноста од 19 до 25 Април. Оваа година акцијата ќе се одвива под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“. Целта на оваа акција е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и да се обезбеди соодветна помош за најранливата категорија на […]
Општинската организација на Црвен крст Струмица од сопствени средства обезбеди и донираше 60 перници за потребите на модуларната болница во Струмица.
Денеска во просториите на Црвен крст Струмица почна обуката за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, финансирана од Светска банка преку Министерство за труд и социјална политика. Обуката е дел од проектот за подобрување на социјалните услуги во општините Ново Село и Василево. Вклучени се вкупно 14 кандидати од овие две […]