Селектирање во Радовиш за негуватели за помош и нега на стари и лица со попреченост
Во Радовиш беше извршено селектирање на пријавените кандидати по објавениот оглас за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
Се пријавија 15 лица, од кои селектирањето го поминаа тројца.
Селекцијата на кандидатите се спроведува врз основа на објавениот оглас за верификацијата на посебната програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Струмица, во рами на проектот „Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ“, поддржан од Австриската агенција за поддршка на развојот, Австрискиот црвен крст, Црвен крст на РСМ и Швајцарскиот црвен крст.