fbpx

Црвен крст Струмица утре организира показна вежба за спасување при сообраќајна несреќа

 Црвен крст Струмица утре организира показна вежба за спасување при сообраќајна несреќа

По повод 8. Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Општинската организација на Црвен крст Струмица организира показна вежба за спасување од возила при сообраќајна несреќа и давање на прва помош на повредени, која ќе се одржи на ден 08.05.2021 година (сабота) со почеток во 12:00 часот пред зградата на трговскиот центар „Глобал“ на кртосницата на булеварот  „Маршал Тито“ и улица „Ленинова“.

Сообраќајните правила и прописи треба да се почитуваат за да го заштитиме сопствениот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.Да се придржуваме до препораките на Републички совет за безбедност во сообраќајот со поголемо внимание кон пешаците, велосипедистите и возачите на мотоцикли.

Показната вежба се организира во соработка со:

  • Републички совет за безбедност во сообраќајот
  • СВР Струмица (Началник на СВР Струмица, отсек за превенција, одделение за полиција, ПС за БПС Струмица)
  • ТППЕ Струмица
  • ДЗС Струмица
  • ЈЗУ „Здравен дом“ Струмица
Share via
Copy link