Почнаа осумдневните карневалски празнувања во Струмица
-Горди на вековната традиција, посветени на сегашноста и заветни кон иднината, вечерва го започнавме најновото издание на Струмичкиот карневал!Во свечена и уникатна карневалска атмосфера пред општинската зграда, со посебна чест и задоволство им го предадов клучот на градот на струмичките карневалисти на чело со претседателот на Организациониот одбор на струмичкиот карневал Александар Цицимов објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Чувајте ја нашата Струмица и бидете добри домаќини на сите граѓани, како и на гостите од земјата и странство. Да живее карневалот и нека ни се со среќа струмичките карневалски празнувања!, напиша струмичкиот градоначалник.