Костадинов:Создаваме подобри услови за живот за нашите сограѓани во Турското маало
-Ветивме дека местото на старата маларична болница ќе прерасне во убав спортски центар со фудбалско и кошаркарско игралиште и со уште поважно паркинг места за автомобили и автобуси за потребите на џамијата и храмот на Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици и денеска започнаа градежните активности, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Дополнително ги издадовме одобренијата за почеток на трета фаза со коишто ќе аплицираме за третиот повик од унгарскиот кредит, а тоа значи почеток на изградба на куќите во Социјалната населба со цел дислокација на дивоизградената населба на „Климент Охридски“. Почнуваме со 25 куќи, доколку ни одобрат средства од Владата, за да го заокружиме целиот проект со вкупно 118 куќи. Социјалната населба е вториот најголем проект во историјата на општина Струмица после јавниот превоз којшто токму јас како градоначалник со мојот тим и со овој Совет го реализиравме. Овој мандат го заокружуваме со топ три проекти коишто ја променуваат историјата на Струмица и во таа насока и ќе продолжиме, напиша струмичкиот градоналник.