„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Покрената иницијатива за прогласување на Кожуф за Национален парк
Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија- Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани , со подршка на професори од Природно математичкиот факултет, покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк.
Планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина од 893 км2, е една од ретките планини во Македонија со исклучително богата и единствена флора, фауна, геолошка уникатност, водени ресурси, културни и историски посебности од национално значење.
Поради геополитички причини, во изминатите осум децении планината Кожуф неоправдано беше иземена од грижата и и интересот на државата за нејзина заштита и зачувување. Според научните и истражувачките активности спроведени во последните двесетина години, се покажа дека планината Кожуф од многу аспекти има вредности од меѓународно значење.
Затоа, градоначалниците на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија заедно со десетица еколошки и планинарски друштва, донесоа историска одлука и покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за национален парк.
Со прогласувањето на планината Кожуф за Национален парк, нема само да се заштити оваа исклучително природно богатство, туку ќе придонесе и за голем економско-социјален развој и подем на регион и државата во целина.
На почетокот на наредната година ќе започнат активностите за изработка на Студија за валоризација на националниот парк, која треба да биде готова во период од 2 до 3 години. Оваа студија се доставува до МЖСПП, а Владата потоа доставува предлог до Собранието на Македонија за прогласување на планината Кожуф за национален парк.