fbpx

Полициски билтен:казни за брзо возење, физички напади во Гевгелија

 Полициски билтен:казни за брзо возење, физички напади во Гевгелија

На 01.01.2023 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 75 прекршувања на брзината од кои 29 на подрачје на Струмица, 16 на подрачје на Гевгелија и по 15 на подрачјата на Радовиш и Валандово. Од нив 56 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 19 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 02.01.2023 година во 04.55 часот во Полициската станица Гевгелија Ј.У. (23) од село Богородица пријавил дека околу 02.40 часот во близина на угостителски објект во Гевгелија бил физички нападнат од Б.К. од Гевгелија. Истиот ден во 05.45 часот во Полициската станица Гевгелија и Т.У. (20) од село Богородица пријавил дека пред угостителски објект во Гевгелија бил физички нападнат од Б.К. од Гевгелија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share via
Copy link