fbpx

Покрената иницијатива за прогласување на Кожуф за Национален парк

 Покрената иницијатива за прогласување на Кожуф за Национален парк

Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија- Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров,  осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани , со подршка на професори од Природно математичкиот факултет, покренаа   иницијатива  за прогласување на планината  Кожуф за Национален парк.

Планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина од  893 км2, е една од ретките планини во Македонија со исклучително богата и единствена флора, фауна, геолошка уникатност, водени ресурси, културни и историски посебности од национално значење.

Поради геополитички причини,  во изминатите  осум децении планината Кожуф неоправдано беше иземена од грижата и и интересот на државата за нејзина заштита и зачувување.  Според научните и истражувачките активности спроведени во последните двесетина години, се покажа дека планината Кожуф  од многу аспекти има вредности  од  меѓународно значење.

Затоа, градоначалниците на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија заедно со десетица еколошки и планинарски друштва, донесоа историска одлука и покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за национален парк.

Со прогласувањето на планината Кожуф  за Национален парк, нема само да се заштити оваа исклучително природно богатство,  туку ќе придонесе и за голем економско-социјален развој и подем на регион и државата во целина.

На почетокот на наредната година ќе започнат активностите за изработка на Студија за валоризација на националниот парк, која треба да биде готова во период од 2 до 3 години.  Оваа студија се доставува до МЖСПП, а Владата потоа доставува предлог  до Собранието на Македонија за прогласување на планината Кожуф за национален парк.

Share via
Copy link