Полицијата го утврди идентитетот на учесниците во тепачката со секира во центарот на Струмица, еден е уапсен, другиот се бара

 Полицијата го утврди идентитетот на учесниците во тепачката со секира во центарот на Струмица, еден е уапсен, другиот се бара

Во врска со видеото кое беше обајевено на социјалните мрежи, за настан случен на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, од страна на полициски службеници од СВР Струмица веднаш е утврден идентитетот на сторителите, односно утврдено е дека учесници се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип, соопштија од СВР Струмица.

Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д. кој по настанот се дал во бегство е објавен централен распис за негово пронаоѓање.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: принт скрин видео Струмица онлајн

Share via
Copy link