fbpx

Полицијата и пазарните инспектори го „чистеа“ центарот на Струмица од диви продавачи

 Полицијата и пазарните инспектори го „чистеа“ центарот на Струмица од диви продавачи

Секторот за внатрешни работи Струмица ги  известува  граѓаните дека денес 22.06.2020 година, во заедничка координирана акција со Државниот пазарен инспекторат, во централното градско подрачје во Струмица, поточно на тротоарите пред и позади ГП “Глобал“ одземена е поголема   количина земјоделски и прехрамбени производи од страна на нерегистрирани продавачи. 

 Ваквата активност е произлезена од претходно доставената Молба од Здружени продавачи ГП “Глобал“ и одржаниот Локален совет за превенција  на општина Струмица. 

 Ваквите координирани активности ќе продолжат и во иднина заедно со  надлежнте инспекциски служби.

Извор: Соопштение на СВР-Струмица

Share via
Copy link