fbpx

Полицијата кај тројца штипјани пронашла марихуана

 Полицијата кај тројца штипјани пронашла марихуана

Денеска во 03:20 часот на место викано „Смоларска раскрсница“, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода М.Д. (34), И.С.(32) и М.П.(31), сите од Штип, соопштија од МВР.

При преглед на патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, управувано од М.Д., во кое сопатници биле другите две лица, била пронајдена марихуана.

Тие биле задржани во Полициската станица Струмица и известен бил Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link