Полицијата уапси жител на радовишко Калузлија, се сомничи дека подметнал пожар
Полицијата уапси жител на радовишко Калузлија, се сомничи дека подметнал пожар
СВР Струмица соопшти дека вчера во 12:30 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ш.М.(63) од истото село. Тој се сомничи дека на први овој месец, околу 19:00 часот подметнал пожар покрај патот кој води кон село Калаузлија, кој бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш.
При преземање мерки, полициските службеници во близина на домот на Ш.М. го пронашле мотоциклот со кој бил кога го подметнал пожарот, како и други предмети кои ги користел при извршување на делото.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Ш.М. ќе биде поднесена кривична пријава.
Фото: архива илустрација