Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Полициски билтен: физички напади во Валандово и Струмица
На 26.06.2024 во 05.30 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на градски пазар во Валандово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.П. (68) од Богданци и М.Б. (23) од село Баница, струмичко. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.06.2024 во 22.15 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 31 -годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето било задржано во полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поденесен соодветен поднесок.
На 25.06.2024 во 23.20 часот во Полициската станица Струмица К.Г.(36) од Струмица пријавила дека околу 23.00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Струмица била физички нападната од З.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.