fbpx

Полициски билтен: кај две лица во Покрајчево и Раброво пронајдена дрога

 Полициски билтен: кај две лица во Покрајчево и Раброво пронајдена дрога

На 16.10.2024 во 12:05 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Т.(25) од село Покрачјево, радовишко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.10.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода В.М.(27) од село Раброво, валандовско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, најверојатно амфетамин, марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против В.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link