fbpx

Полициски билтен: Тепачки во Стар Дојран и село Бучим

 Полициски билтен: Тепачки во Стар Дојран и село Бучим

Вчера во Полицискoто одделение Нов Дојран било пријавено дека во 04:30 часот во угостителски објект во Стар Дојран бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помегу А.М.(40) од Куманово и М.Ј.(33) од Стар Дојран. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13 септември 2020 година во Полициската станица Радовиш, Ф.О.(46) од село Бучим, радовишко, пријавил дека околу 11:00 часот пред продавница во село Бучим неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.Ј. од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link