fbpx

Полициски билтен:двајца уапсени во Гевгелија кај нив пронајдена дрога, пожар на паркинг во Радовиш

На 14.03.2023 во 15.45 часот во Гевгелија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода К.П. (42) од Гевгелија и М.У. (42) од село Богородица. При претрес на домот на К.П. извршен со судска наредба биле пронајдени растителна и прашкаста материја, како и дигитална вага. М.У. бил затекнат заедно со К.П. при купопродажба на дрога.

За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.03.2023 година околу 23.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 23.00 часот настанал пожар на паркинг простор на улица „Индустриска“ во Радовиш, од кој биле зафатени две приклучни и едно влечно возило. Од страна на територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

На 14.03.2023 година во 13.10 часот во Полициската станица Струмица Л.Т. (63) од Струмица пријавила дека околу 12.00 часот на булевар „Маршал Тито“ во Струмица била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link