„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:физички напад во Бучим, казни за неправилно престигнување
Вчера во 20:55 часот во Полициска станица Радовиш, С.С. (40) од село Бучим, радовишко, пријавил дека околу 20:00 часот, во продавница во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.О. и Б.О., и двајцата од село Бучим.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 23 декември во времето од 08:00 до 16:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на прекршоци за неправилно престигнување и обиколување. Во акциската контрола биле констатирани 91 прекршоци, од кои 17 по акциската контрола и 74 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.