Полициски билтен:кај гевгеличанец пронајден амфетамин, кај жител на Градашорци пиротехника
Полициски билтен:кај гевгеличанец пронајден амфетамин, кај жител на Градашорци пиротехника

На 22.12.2025 во 14:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Л.Д.(39) од Гевгелија затоа што кај него е пронајден и одземен амфетамин. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.12.2025 во 13:00 часот во с.Градашорци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица од М.М.(20) од истото село одзеле разновидни пиротехнички средства. По документирање на случајот, против М.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.