fbpx

Полициски билтен:казни за брзо возење, физички напади во Струмица и Радовиш

На 27.11.2022 година во перидоот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 прекршувања на брзината, од кои 28 на подрачје на Струмица, 26 на подрачје на Радовиш и по 10 на подрачјата на Гевгелија и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 27.11.2022 година во 19.30 часот во Полициската станица Струмица, В.М.(66) од село Пиперево, струмичко, пријавил дека околу 18.30 часот во село Пиперево бил физички нападнат од Р.М.  Полициска  станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

На 28.11.2022 година во 02.30 часот во Полициската станица Радовиш, М.Т.(42) од село Ињево, радовишко, пријавил дека околу 01.30 часот на улица „22 Октомври“ во Радовиш бил физички нападнат од В.Р. од село Ињево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link