fbpx

Полициски билтен:казни за брзо возење, физички нападнат малолетник

 Полициски билтен:казни за брзо возење, физички нападнат малолетник

На 29.01.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 71 пречекорување на брзината, од кои 26 на подрачје на Струмица, 17 на подрачје на Радовиш, 15 на подрачје на Валандово и 13 на подрачје на Гевгелија. Во 36 случаи брзината била пречекорена надвор од населено место, а во 35 случаи во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 29.01.2023 во 19.15 часот во Полициската станица Струмица, Р.А.(40) од Струмица пријавила дека околу 18.00 часот во Струмица нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Ќ.„Н“. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link