fbpx

Грк починал во казино во Гевгелија

 Грк починал во казино во Гевгелија

Вчера околу 15:20 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Р.Грција се струполил на подот, соопштија денеска од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Share via
Copy link