Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Полициски билтен:насилство во Радовиш, пронајден амфетамин, физички напад…
Одделението за внатрешни работи Радовиш, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.И.(37), Д.В.(39), В.А.(19), В.А.(25) и С.Ѓ.(28), сите од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
На 16.11.2022 во угостителски објект во Радовиш, А.И. физички го нападнал Д.В., по што Д.В. и В.А.(19) физички го нападнале А.И., а во нападот се приклучиле и В.А.(25) и С.Ѓ.(28).
На 21.11.2022 во 22.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.Т.(22) од село Еднокуќево, струмичко, затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.11.2022 во 19.30 часот во Полициското одделение Ново Село, Т.И.(62) од село Борисово, општина Ново Село, пријавил дека околу 17.00 часот во село Борисово бил физички нападнат од Ѓ.М. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.11.2022 во 14.10 часот во Полициската станица Струмица, В.Љ.(40) од Струмица пријавила дека на улица „Маршал Тито“ во Струмица нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.