Полициски билтен:пронајдена марихуана во гевгелиско и радовишко, пожар во сендвичарница во Пиперево

 Полициски билтен:пронајдена марихуана во гевгелиско и радовишко, пожар во сендвичарница во Пиперево

На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица. При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

На 17.12.2025 во 22:10 часот во село Подареш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода В.В.(30) од истото село. При преглед кај него и во неговото патничко возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки е пронајдена марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против В.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.12.2025 во 10:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека настанал пожар во сендвичарница во село Пиперево, струмичко. Од екипа на Територијалната противпожарна единциа Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид изврши екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link