fbpx

Полициски билтен:тешко повреден тракторист, куклишанец нападнал полицаец

 Полициски билтен:тешко повреден тракторист, куклишанец нападнал полицаец

На 08.07.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во село Јосифово, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Н.(56) од Неготино и трактор „имт“ без регистарски ознаки, управуван од Р.Ч.(58) од село Јосифово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

На 08.07.2024 во 13.00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ј.Д.(40) од село Куклиш, струмичко. Тој околу 13.00 часот пред Основен суд Струмица агресивно се однесувал кон Т.П.(30) од Струмица и физички нападнал полициски службеник кој презел службени дејствија.  Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и во текот на денешниот ден против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Share via
Copy link