fbpx

Помош и нега во домовите на повозрасни лица во општините Ново Село и Василево

 Помош и нега во домовите на повозрасни лица во општините Ново Село и Василево

Помош и нега за 60 возрасни и изнемоштени лица од општините Ново Село и Василево се овозможува со проектот за подобрување на социјални услуги, кој ќе го спроведат општините Ново Село и Василево во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст Струмица.

Имено, со услугата се обезбедува медицинска поддршка, помош при чистење, готвење, хранење, како и купување на намирници на оние на кои им е најпотребно.

Вчера, во Клубот на пратеници, беше потпишан Договорот за реализација на овој проект.

Во периодот кој следи ќе се обучат 14 негуватели за помош и нега во домот, кои по добивањето на сертификат ќе бидат вклучени во теренски посети кај лица кои имаат потреба од поддршка.

На почетокот на 2021 година ќе се започне со давање на услугата во домот. Истовремено, ќе бидат адаптирани две инфо канцеларии, кои ќе бидат наменети за информирање на граѓаните за овој тип на помош и начинот на кој ќе може да аплицираат.

Локалната самоуправа заедно со Црвен крст Струмица продолжуваат со континуираната грижа и поддршка за сите генерации граѓани.

Share via
Copy link