Потешко повреден жител на Раклиш по пад од мотоцикл

 Потешко повреден жител на Раклиш по пад од мотоцикл

Вчера во 17:00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310 во село Раклиш, С.С.(34) од село Раклиш, управувајки мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С.., констатирани во Медицински центар Штип.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Share via
Copy link