fbpx

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ ВО ОБИКОЛКА НА НОВИТЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО СТРУМИЦА

 ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ ВО ОБИКОЛКА НА НОВИТЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО СТРУМИЦА

Како дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“ во Струмица веќе шест месеци со интензивно темпо се работи на изградба на велосипедски патеки на повеќе локации во градското подрачје, соопштија денеска од Општината.

Градоначалникот на Oпштина Струмица, Костадин Костадинов и rаководителот на Одделението за меѓународна соработка и eвропски Фондови, Ѓоко Ристовски, заедно со тимот кој го раководи проектот, извршија обиколка на локациите на веќе изведените велосипедски патеки.

-Од средина на септември 2022 година на различни локации низ градот се изведуваат градежни работи – дел од проектот “Струмица – Паметен вело Град“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за општините“. Од започнувањето со реализација, во фаза на градба беа 3 делници: Градски парк Струмица, улица “24-ти Октомври“ и булевар “Ленинова“, каде беа изведени велосипедски патеки и беше поставена хоризонтална сигнализација. До овој момент, со мал број на исклучоци, реализацијата го следи динамичкиот план за работа. На терен, во од се решаваат сите евентуални предизвици, кои се исклучиво од технички карактер, пред сé, внимавајќи да се запази во целост проектната документација. Од следниот месец се продолжува со етапна изведба и градежни работи на булевар “Маршал Тито“, на булевар “Гоце Делчев“ како и на останатите делници планирани во проектот. Првата фаза од изградбата на велосипедската инфраструктура ќе ја заокружиме на почетокот на месец јуни, на светскиот ден на велосипедот, за кога планираме да го одржиме вториот фестивал посветен на љубителите на велосипедизмот, изјави Ристовски.

-Денес, со тимот кој го раководи проектот “Струмица – Паметен вело Град“, извршивме увид во спроведувањето на градежните работи и од тоа што можев да го увидам, задоволен сум од интензитетот и динамиката на спроведување на активностите. За фактичката изведба на терен добив уверување дека реализацијата е во согласност со проектната документација и согласно сите европски стандарди, како од аспект на техничка изведба и квалитет, така и од аспект на еколошка и заштита на животната средина. Како општина, континуирано поставуваме високи цели во поглед на квалитетот на живот, преку следење на светските трендови, целејќи кон заштита на животната средина и примерите на најразвиените ЕУ градови кои ја охрабруваат примената на „почист превоз“. Во оваа насока, ни претстои реализација на уште два нови проекти. За љубителите на рекреативниот велосипедизам, во Градскиот парк во Струмица ќе започне изградбата на памп-трака, додека за љубителите на планинскиот велосипедизам ќе започне уредување на мал вело парк на ридовите над градот.“ – изјави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Како дел од насоченоста на развој на Струмица како град – пријател на велосипедите, општина Струмица и оваа година продолжува со спроведување на конкретни активности за поттикнување користење велосипед како превозно средство. За таа цел, за жителите на општината, на официјалната веб-страна на Општина Струмица објавен е јавен повик за субвенционирано купување на велосипеди. Воедно, во рамки на долгорочната стратегија на Општина Струмица за урбана мобилност, во најава е поставување паркинзи за велосипеди по должината на велосипедските патеки и на други јавни места. Со овој чекор, паркирањето велосипед во целокупното централно градско подрачје ќе биде многу полесно од паркирањето автомобил.

Со имплементацијата на ваков вид активности, Општина Струмица работи кон унапредување на велосипедската инфраструктура во Струмица и зголемување на урбаната мобилност, истовремено развивајќи го градот по урнек на голем број современи европски градови.

Инаку, Проектот „Струмица – Паметен вело град“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за општините“, се однесува на иновативно и ефективно решение со кое ќе се стимулира употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичен начин на мобилност

Share via
Copy link