„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Потпишан меморандум за соработка меѓу општина Струмица и Управата за извршување на санкции
Денеска во просториите на општина Струмица беше потпишан меморандум за соработка меѓу општина Струмица и Управата за извршување на санкции. Меморандумот го потпишаа градоначалникот Костадин Костадинов и директорот Марјан Спасовски.
Со тоа двете институции утврдија взаемна соработка при извршувањето на општокорисна работа како алтернативна мерка за осудените лица.
Двете страни се согласија дека меморандумот за соработка ќе ги даде посакуваните резултати, како за лицата со полесни кривични дела на кои им се овозможува своевидна ресоцијализација, така и за доброто на општина Струмица.