„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Повеќе оздравени пациенти, отколку нови позитивни случаи
Во изминатата недела се регистирани повеќе оздравени пациенти, отколку нови позитивни случаи, објави министерот за здравство, д-р Венко Филипче.
Бројот на тестирања бележи тренд на зголемување, а се намалува и бројот на смртни случаи. Според Извештајот на ИЈЗ за период 10-16 август во однос на претходната недела:
✅ 17.8% повеќе тестирања или 11.605 вкупно
✅ 1.067 оздравени лица или 29 лица повеќе
✅ 32% помалку смртни случаи
✅ Скопје (27,8%) и Куманово (13,5%) – градови со најголем процент на заболени
Да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да носиме задолжително заштитна маска, често да ги миеме рацете и да одржуваме физичка дистанца, стои во објавата на Филипче.